Завршија анализите: Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 44 мерни места во градот.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 03.03.2025 до 07.03.2025 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, е, информираат од ЈП Водовод и канализација, велат од ЈП „Водовод и канализација“.
Овие информации јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа