Итно му требала работа - се јавил на оглас и се шокирал!

33-годишен маж од Хрватска на кој итно му била потребна работа за да си ги отплати сите кредити и долгови, станал жртва на Интернет измама.

Според податоците на хрватските медиуми, овој 33-годишен Хрват чиј идентитет е непознат, на социјалната мрежа Фејсбук нашол оглас во кој една фирма бара хонорарци за работа на терен, односно потпишување договори за телекомуникациски услуги, за плата од 1000 куни. 

- Работам како спасувач на базен и оваа работа многу добро ќе ми дојдеше. Ми се јавија на телефон ими рекоа дека потребна им е млада и амбициозна личност. Бидејќи автомобилот ми е расипан, се понудија тие да дојдат и да ме земат во агорје. Бешеедна девојка, момче и постар човек. Ме однесоа да потпишам добовор со три оператори, а потоа ми рекоа дека треба да чекам и дека ќе ме известат кога ќе започнам со работа, вели момчето.

По неколку дена, Хрватот сфатил дека е измамен.

- Добив три сметки за телефон, едната од 16.500 куни, другата од 13.500 куни и третата од 2.800 куни. Сфатив дка сум измамен. Се јавив и ги блокирав договорите, но залудно. Измамниците ги нема, а јас морам да ги платам сметките, вели очајното момче.

За жал, ако не ги плати сметките, момчето ќе се соочи со тужба.

 

13.02.2014 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега