Пензионери побрзајте: Уште денеска и утре се аплицира за бања

 

Рокот за пријавувањето за користење на услугата „Бањско-климатска рекреација“ за корисниците на пензија истекува утре.

Во соопштениетоод МТСП се посочува дека за услугата поднесени се 18.165 барања. Од МТСП апелираат сите заинтересирани пенизонери да аплицираат во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, а изборот на корисниците на пензија коишто ќе користат услугата ќе го врши Комисија за разгледување и рангирање на корисници на пензија за бањско климатска рекреација, составена од претставници од повеќе институции.

- Рангирањето на корисниците на пензија коишто ќе ја користат оваа услуга ќе се врши според бодови и тоа: - до 60 бода ќе се добива во зависност од висината на пензијата, односно повеќе бодови за помала пензија, - до 30 бода во зависност од времетраење на користење на пензијата и должината на пензискиот стаж до остварувањето на правото на пензија, - 10 бода за лицата коишто користат помош и нега од друго лице, се посочува во соопштението од МТСП.

При рангирањето ќе се има во предвид фактот дали станува збор за пензионери кои веќе ја користеле услугата, бидејќи тие што претходно ја користеле услугата нема да може да ја користат и во 2014 година, со што се отвора можност на други корисници да бидат соодветно рангирани и да ги користат услугите од овој проект.

- Списоците со податоци за корисници на пензија коишто ќе ја користат услугата за бањско климатска рекреација ќе се објават на веб страниците на Министерството за труд и социјална политика  www.mtsp.gov.mk   и на  Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија www.piom.com.mk најдоцна до 5 март 2014 година. Корисниците коишто ќе ја користат услугата ќе добијат и известување за терминот и бањата каде што може да ја користат, се вели во соопштението.

 

13.02.2014 - 13:20
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега