Грипот зема замав - до сега 10.934 заболени
Грипот се повеќе зема замав. Како што соопштува Институтот за јавно здравје, вкупно 3.156 заболени од грип се регистрирани во Македонија од 3 до 9 февруари годинава, што е за 29,7 отсто повеќе од истиот период лани кога имало 2.434 заболени.
Вкупниот број на заболени од грип од почетокот на сезоната 2013/2014 изнесува 10.934. Во овој период регистрирани се три смртни случаи асоцирани со инфекција со вирусот на грип.
Најголем број заболени има во Кавадарци, а најголем дел од нив се на возраст помеѓу 15 и 64 години.
Се очекува овој тренд да продолжи и во наредните недели, со варијации на интензитетот. Во циркулација се двата типа на вирусот на инфлуенца - А и Б, со доминација на вирусот на инфлуенца А.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа