Македонија напредуваше на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше едно место на најновата рејтинг листа објавена денес од Светската фудбалска асоцијација.

Со напредокот од само едно место, Македонија се најде на 83.позиција на ФИФА листата.

На овомесечното рангирање нема промени на врвот. Прва е Шпанија, на второ место е  Германија, а трето Аргентина.

Во ТОП 10 на ФИФА листата уште се наоѓаат: Швајцарија, Уругвај, Италија, Бразил и Холандија. Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 13 март.

13.02.2014 - 11:03
Фото: 
ФФМ

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега