Сораја за малку ќе била киднапирана во Дубаи - еве што се случило

Иако веќе се има помирено со фактот дека постојано е мета на машките погледи поради својот сексипил и дека непристојни понуди пристигнуваат од сите страни, старлетата Сораја се пожали дека за време на својот одмор во Дубаи за малку ќе била киднапирана.

Додека била во еден клуб во Обединетите Арапски Емирати, Сораја вели дека забележала два сомнителни типа кои постојано ја гледале, а потоа забележала и како ја следат до нејзиниот хотел. Старлетата се исплашила и се јавила на обезбедувањето, кое ја однело во нејзиниот апартман.

- Иако не им обраќав внимание двајцата постојано ме гледаа. Не ми беше сеедно, се чуствував непријатно и исплашено. Кога седнав во автомобил ме следеа, па морав да повикам обезбедување. Откако дојде обезбедувањетомомчињата кои беа во автомобил со затемнети стакла, избегаа, а нас не испратија до апартманот. Умрев од страв, вели Сораја.

Сораја се одлучила да се пресели во Дубаи каде има многу повеќе понуди да работи како фото-модел и и нудат многу повеќе пари.

 

13.02.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа