Обама ги зголеми минималните плати за 25 отсто

Обама им ги зголеми минималните плати на стотици илјади Американци

Американскиот претседател Барак Обама на стотици илјади Американци им ги зголеми за 25 отсто минималните плати и побара од Конгресот да го направи истото за сите работници во земјата.

Обама потпиша указ за зголемување на минималната плата во државните претпријатија од 1 јануари 2015 година. Зголемувањето изнесува 10,10 долари на час, што е речиси за три долари повеќе од сегашните 7,25 долари на час, кои се замрзнати уште од 2009 година.

Само Претставничкиот дом има уставно право да гласа нови трошоци, а пратениците од Републиканската партија, кои се мнозинство, се изјаснија против зголемувањето на минималната плата, бидејќи според нив тоа ќе го запре економскиот раст.

Според Обама ваквиот потег ќе им помогне на милиони Американци да излезат од сиромаштијата.

Оваа мерка нема да се одрази негативно на економијата, туку напротив ќе ја стимулира, нагласи американскиот претседател. 

13.02.2014 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега