Нова снежна бура во САД- десет лица загинаа а стотици домакинства останаа без струја

Десет лица загинаа а околу 350.000 домаќинства останаа без струја откако нова снежна бура го зафати југоистичниот дел на САД.

Американските медиуми соопштија дека многу патишта се непроодни или се претворени во лизгалишта.

Најзасегнат е регионот околу Атланта, главниот град на државата Џорџија, која пред само две недели беше парализирана од снежната бура.

За едно деноноќие во градот паднале над 25 сантиметри снег, што за јужната држава претставува вистинска стихиска несреќа. Улиците на Атланта се пусти, бидејќи возачите не смеат да тргнат улиците што се засипани со снег.

Аеродромот во Атланта ги откажа речиси сите 2.500 полетувања и слетувања, соопштија локалните медиуми. Во целата земја вчера беа откажани над 3.000 полетувања и слетувања.

Во силната бура во југоисточните дежави на САД животот го загубија најмалку десет лица.

Три лица загинаа кога возило на брзата помош, што превезувало пациент, се превртело на замрзнатиот пат во Карсбад, во државата Тексас. Двајца загинале во сообраќајна несреќа во државата Мисисипи. Само во Јужна Каролина, во текот на минатата ноќ, 273 пати била побарана помош заради незгоди на патиштата. 

13.02.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа