Јанакиески и Ристовски денеска ќе се “растрчаат“ низ Македонија

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска ќе ги посетат гевгелискиот и охридско-струшкиот регион.

Јанакиески  во Гевгелија ќе присуствува на пуштање во употреба на канализациска мрежа во Прдејци и на поставување камен-темелник за изградба на нова во Мрзенци, а ќе изврши и увид на градежните активности на патниот правец Негорци-Серменин.

Министерот Ристовски, пак, во охридско-струшкиот регион ќе ги посети  основните училишта „Единство“ во село Октиси и „Живко Чинго“ во село Велгошти, како и касарната „Генерал Михајло Апостолски“, каде дел од објектите ќе бидат преадаптирани за потребите на Универзитет за информатички науки и технологии – „Св. Апостол Павле“ - Охрид. 

13.02.2014 - 09:06
Фото: 
vlada.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега