Македонска работа: На олимпиецот Дамјановски организаторите му падариле телефон во Сочи - го продава на Facebook

Бура негативни реакции предизвика информација дека македонскиот натпреварувач на 22-те Зимски олимписки игри во Сочи, Дарко Дамјановски го продава мобилниот телефон подарок од организаторите на Игрите со знамето на земјата што ја претставува.

Според информацијата објавена на Facebook профилот на Дамјановски, тој го нуди на продажба телефонот „Samsung Note 3" по цена од 450 евра. Во прилог на информацијата се додаваат и скрин од профилот на Дамјановски. 

Засега нема реакција од самиот спортист дали станува збор за шега.

Инаку најискусниот од тројката македонски олимпијци во Сочи, Дарко Дамјановски кој по третпат учествува на ЗОИ, во вторникот се појави во квалификациите во спринт и стартуваше како последен 86, а на крајот го освои 78-то место.

12.02.2014 - 20:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега