Запленети 16 килограми марихуана на "Табановце"

На граничниот премин "Табановце" биле запленети 16 килограми марихуана, која била сокриена во "Голф" со албански регистерски таблички. Царинските службеници забележа дека во багажниот простор од автомобилот има уредно поставена плинска боца која давала индикации дека е полна со гас, но истовремено и  резервоарот на возилото е полн со бензин. Ова ги мотивирало службениците да ја демонтираат боцата и да извршат темелен преглед. 

Откако го извадиле вентилот и го испуштиле гасот, цариниците утврдиле дека во внатрешноста на боца има уште една боца. Во боца пак, биле пронајдени 16 килограми марихуана.

Против сторителите се поднесени кривични пријави за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

ФОТО: Алфа.мк

најчитано сега