Внимавајте: Полицијата демне - пајакот "лапна" 79 возила

Во текот на вчерашниот ден пајакот повторно направи парче низ скопските улици. Со помош на специјалното возило биле отстранети 79 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Полицијата во текот на изминатото деноноќие откри и санкционира 17 пешаци кои преминале вон обележан пешачки премин, четворица пешаци кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци за пешаци и пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Исто така, откриени се и санкционирани двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и шест возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. 

Изминатите 24 часа се случиле девет сообраќајни незгоди во кои има повредени три лица.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно.

12.02.2014 - 10:38
Фото: 
град.ск

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега