САД: Шест лица загинаа, вонредна состојба во 8 држави - снежната бура прераснува во „катастрофален настан од историска големина“

Силната снежна бура која беснее во САД предизвика голем хаос. Британските медиуми соопштуваат дека две лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди поврзани со метеоролошките услови во Мисисипи, а тројца во северен Тексас, додека во Далас се случила трагедија кога пожарникар кој интервенирал на замрзнат коловоз загинал при пад од мост.

Си-Ен-Ен соопштува дека шест други лица загинаа  од лавини во три американски држави.

Поради снежната бура, вонредна состојба е прогласена во Вирџинија, Мериленд, Северна и Јужна Каролина, Џорџија, Алабама, Мисисипи и Луизијана.

Последните податоци говорат дека во следните деноноќија лошото време ќе зафати 16 држави во јужниот и североисточниот дел на САД, од Тексас до Њу Џерси, а се предвидува дека бурата може да прерасне во „катастрофален настан од историска големина“.

12.02.2014 - 09:22
Фото: 
точка

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега