Ќерката на Џеј: Не ме интересира што зборува Адил

Ана Максимовиќ, ќерката на Џеј Рамадановски, која пред неколку месеци беше претепана од сопругот Адил, за кој последните информации се дека се подготвува да побегне во Австрија, конечно си ја отвори душата ираскажа како се чуствува по хоророт низ кој помина.

- Не ме интересира што Адил на судењето рече дека не ме тепал. Јас мојот исказ не го менувам. Си стојам на своето, вели Ана за српскиот Блиц.

Адвокатот на Адил за српскиот Блиц вели дека иако Адил го сменил исказот, засега немаат коментар.

До инцидентот помеѓу Адил и неговата сопруга со која се заедно осум години дојде само два месеца откако таа го донесе нивното бебе на свет. Започнале расправија, а потоа тој започнал да ја удира и тоа во пределот на стомакот.

12.02.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега