ДУИ се реши: Ќе ги бојкотираме изборите ако не биде по наше

 

Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и денеска преку портпаролот Бујар Османи ги повтори ставовите дека без гласовите од Албанците шефот на државата нема да има легитимитет - објави „Алфа“.

- Дојден е моментот и претседателот на државата да ја рефлектира волјата на двете најголеми етнички заедници. Доколку не се почитува волјата на Албанците, опцијата на ДУИ е неучество на изборите. Не станува збор само за овие, туку и за било кои во иднина - вели Османи.

Османи појаснува дека опцијата за бојкот ќе биде во игра се додека не се изнајде форма изборот за претседател да биде прифатлив и за Албанците

11.02.2014 - 22:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега