Едно лице ја преживеа авионската несреќа во Алжир

 

Во авионската несреќа што се случи денеска во Алжир има еден преживеан, а пронајдени се 71 жртва  под уривањето на военотранспорниот авион во планинската област во источниот дел на Алжир, според првите официјални податоци на алжирската Цивилна заштита.

Според државното радио, авионот „Херкулес Ц-130“ летал од јужниот град Таманрасет кон североисточниот град Константин. Во авионот имало 103 лица, од кои 99 патници и четиричлен екипаж. Патниците биле војници и нивните семејства.

Преживеаниот е војник, кој е во многу тешка состојба со повреди на главата и на градниот кош.

Авионот се урнал во реонот на планинскиот масив Џебел Фортас во провинцијата Ум ел Буаги, на 500 километри источно од престолнината Алжир.

 

11.02.2014 - 19:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега