Димовски: Ќе бидат доделени една милјарда денари за рурален развој

 

Министерот Љупчо Димовски денеска оствари средба со граѓаните во малешевското село Чифлик  и изјави дека за рурален развој во 2014 и 2015 година на општините ќе им бидат доделени една милијарда денари буџетски средства и дополнителни 18 милиони евра од ИПА фондовите.

Димовски кој присуствуваше на почетокот на изградбата на главната селска улица во Чифлик, информира дека од оваа година, во рамки на петтогодишната програма за развој на земјоделството и руралните средини, се обезбедени средства и се склучени договори за реализација на 134 проекти во 73 општини.

Вредноста на проектите одобрени за општината Пехчево е 9.146.000 денари.

- Водена од потребата за унапредување на квалитетот на животот во руралните средини, Владата дава посебен приоритет на инвестициите за обновување и изградба на инфраструктурата. Последниве пет години за таа цел беа одвоени 1,2 милијарди денари од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој, истака министерот.

За време на престојот во село Чифлик министерот Димовски разговараше со земјоделците и сточарите

11.02.2014 - 19:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега