Австријците ја открија мистеријата на Хитлер

Австриски експерти ја расветлуваат мистеријата во местото Санкт Георген, за каде се претпоставува дека, нацистите во подземна работилница работеле на атомска бомба. 

Се работи за подземна постројка во која наводно биле присилувани научници да измислат волшебно оружје за Адолф Хитлер.

Тајната на нацистите кои работеле на пронаоѓањето на моќното оружје 

Ја открил режисерот на документарни филмови, кој направил емисија за научникот Виктор Шаубергер.

„Во еден момент најдов  податоци дека од 1941 година под највисока тајност во Санкт Георген СС единицата била вклучена во научните проекти, кој во писмата на Шаубергер биле наречени како „атомски разорувач“, објаснил Сулцер.

Потоа со помош на меѓународни научници во Вашингтон успеал да пронајде една книга на СС во која имало документи за тајниот проект во Санкт Георген а и планови за подземната постројка во која СС доставувале т.н. земја, физичари, хемичари и затвореници од концентрационите логори.

11.02.2014 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега