Решена мистеријата која го збуни и Галилео Галилеј
Научниците конечно најдоа објаснување за феноменот кој го збуни и познатиот Галилејо Галилеј. Се работи за оптичката илузија дека планетата Венера изгледа многу поголема отколку Јупитер кога се гледа со голо око, додека ситуацијата е сосема обратна ако планетите се набљудуваат со телескоп.
Како што пренесува Индепендент, Венера е поблиску до Земјата од Јупитер, па затоа и изгледа посветло и поголемо од другата планета. Кога со голо око се гледа кон Венера, таа има блескава круна, која ја прави да изгледа поголема за 8-10 пати од Јупитер, а всушност кога се гледа од Земјата, Јупитер е четири пати поголем од Венера.
Галилејо во минатото прв сфатив дека оваа перцепција е поврзана со човековото око, но не можел до крајда го објасни овој феномен.
Визуелниот центар во мозокот го преувеличува сјајот на Венера, и така ја прави поголема кога ја гледаме, што потврдува дека Галилејо бил во право кого говорел за искривената перцепција кај човекот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа