Ани Малинкова: Мажите трчаат како кученца по мене
Македонската фолф пејачка Ани Малинкова направи интересна фотосесија со која ги изненади фановите. Облечена во црна чипка позира до нејзиното кученце, хаската Рекс.
- "Фотографиите се направени наменски. Станува збор за песната "Тој е тој" којашто ја снимив пред извесно време, а во која се спомнува дека "тој" како куче трча по мене. Од таму и идејата за ваква фотосесија", вели фолкерката за Вечер.
Фолк-пеачката која во последен период е зафатена со снимање на нов материјал којшто треба да излезе наскоро, вели дека исто како и во новата песна која ја подготвува, така и во приватниот живот, мажите трчаат како кученца по неа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа