Поради активните пожари затворен аеродромот во Мелбурн
Поради шумските пожари, кои беснеат постојано, аеродромот во австралискиот град Мелбурн денеска е времено затворен, а контролорите на летови се.
“Силниот ветер донесе облак од чад врз аеродромот, што ја оневозможи работата на контролорите” , изјави претставник на Австралиската национална авио служба.
Подоцна ветрот го смени правецот и работата на аеродромот повторно е обновена.
Моментно во државата Викторија активни се 150 пожари, а 19 од нив се надвор од контрола. Во југоисточниот дел на Австралија веќе се уништени педесетина куќи. Целосно опожарени се 330.000 хектари шумско земјиште. Засега нема информации за евентуални човечки жртви во огнената стихија.
“Ветрот постојано го менува правецот и ги проширува пожарите на запад и исток, со што се отежнува гаснењето” , изјави шефот на противпожарната служба во државата, Крејг Лапсли.
Според него, некои од пожарите се подметнати, поради што се поднесени обвиненија против повеќе лица, меѓу кои десетмина се деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа