Муслимански свештеник венчал 12-годишно девојче- се соочува со казна
Муслимански свештеник во Сиднеј беше обвинет за одржување незаконска брачна церемонија, кога венчал 12 годишно девојче и 26-годишен Либанец.
Церемонијата била извршена во домот на таткото на детето, кој го прифатил исламот пред 18 години.
Триесет и пет годишниот верски лидер е обвинет за незаконски брачен ритуал, а против Либанецот ќе биде покренато обвинение за стапување во сексуални односи со дете.
Незаконскиот брак бил откриен, кога Либанецот се обидел да го запише во училиште девојчето.
11.02.2014 - 09:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа