Сонце и 19 степени - уживајте

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието ќе достигне и до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе е спушти до три, а дневната ќе достигне до 17 степени.

 

11.02.2014 - 09:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега