Фрустрација: Лузери, маж ми е милионер можам сите со се партали да ве купам

За 20 години кариера, работев и заработував доволно за да можам да бирам дали, каде и што да работам, не морам по секоја цена да работам секој викенд за разлика од оние што мораат.

Во едно од многубројните соопштенија, Јелена Карлеуша демантираше дека должи 900.000 динари за греење, и изјави дека има толку пари за да може да ги купи сите оние коишто ја напаѓаат и и подзавидуваат на богатиот маж и убавата фамилија.
 
- Премногу сум добра риба за некој лузер и неработник. Ако сте заборавиле мојот маж се вика Душко Тошиќ, е фудбалер, убав, млад, згоден и многу успешен, па ете случајно заработува милиони (не динари), дали стварно помисливте дека би допуштил неговата куќа биде ладна а жената и децата изразени на проблеми? Не е баш логично.
А сега за мене, за 20 години кариера, работев и заработував доволно за да можам да бирам дали, каде и што да работа, не морам по секоја цена да работам секој викенд за разлика од оние што мораат. Не заборавајте дека сум мајка на две прекрасни девојчиња, а мајчинството ми е најголемиот успех. Во секој случај имам доволно да платам за греење и вас толку "прекрасни и племенити" личности да ве купам со се партали. Ми се може!
10.02.2014 - 23:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега