Операција „Енгри брдс“ против борба на петли
Властите во Њујорк организираа голема акција против борба на петли во се спасени повеќе 3.000 петли, а уапсени девет луѓе.
Обвинителот Ерик Шнајдермен изјави дека тоа е најголема акција против борба на петли во сојузната држава Њујорк и една од најголемите во САД.
Операцијата „Енгри брдс“ (Angry Birds) во исто време е извршена во повеќе делови на Њујорк, како и во други делови на државата.
Во Њујорк за борбата на петли и поседување птици за борба е предвидена максимална казна до четири години затвор и 25.000 долари, наведува обвинителството во соопштение.
10.02.2014 - 17:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа