Гори во Мелбурн - изгорени неколку домови

Горат шумите во Австралија. Пожарот уништи над 40 илјади хектари шуми и друга вегетација, како и 20 куќи и згради. Пожарникарите и доброволците се обидуваат под контрола да стават околу 25 пожари во Викторија, а дел се шират и кон Мелбурн.

Најголемиот пожар беснее кај Килмор на околу 75 километри северно од Мелбурн.

Како што велат очевидците дека нивните куќи „експлодирале“ во пламенот, а пожарникарите наведуваат дека спасиле околу 550 објекти во Кеилор, во близина на аеродромот во Мелбурн.

За сега нема информации за дали има жртви.

10.02.2014 - 14:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа