Даниел Кајмакоски на Фејсбук: Ме нема фатено грипот, не грижете се

Даниел Кајмакоски, нашиот натпреварувач во Икс-Фактор, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, каде на сите загрижени фанови им кажа да не се секираат бидејќи тој нема грип.

- Добивам многу пораки од вас и гледам дека сте загрижени, ви благодарам на сите, но сега за сега фала богу не ме има фатено грип!! На другите колеги од Х-Фактор им посакувам што поскоро да оздрават, вели Даниел.

За потсетување, оваа загриженост на фановите доаѓа поради информацијата дека утре нема да се одржат елиминации на Икс-Фактор, а како причина за тоа се наведува фактот дека многу натпреварувачи се болни.

10.02.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега