Нов мега скандал во врвот на СДСМ

Нов мега скандал е на повидок во врво на СДСМ, обвини денеска владејчката ВМРО-ДПМНЕ. Според документите кои денеска ги објави партијата, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски добил тендер за уредувањена паркинг просторот во Куманово од општинското претпијатие за паркинзи во општината каде градоначалник е социјалдемократот, Зоран Дамјановски.
Имено, во 2011 општина Куманово преку своето претпијатие за паркинзи склучува договор со извесна српска фирма, Метропаркинг ДОО за уредување и стопансисување со паркинг просторот во градот. Како што објавија од ВМРО-ДПМНЕ, фирмата својот бизнис со паркинзите во Македонија и го дава на друга команија Метропаркинг плус, каде еден од основачите е потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. 

   „Според јавно достапните документи Дамјан Манчевски е сопственик на фирмата Метропаркингплус ДОО Скопје во моментот кога фирмата Метропаркинг ДОО од Белград го добива тендерот за стопанисување со паркинзите во град Куманово, каде градоначалник е Зоран Дамјановски – Циц од СДСМ.

Пред неколку месеци Дамјан Манчевски е избришан како сопственик на Метропаркингплус ДОО Скопје и тоа во период кога ја добива функцијата потпретседател на СДСМ. Но, тој и понатаму, до ден денес останува лице за контакт на скопската Метропаркингплус ДОО. Неговата лична e-mail адреса до ден денес е заведена како контакт адреса на скопската фирма.

Она што ние го знаеме е дека реален извршител на тендерот, фирма која ги има превземено сите права и обврски според договорот и комуникацијата со општинското јавно претпријатие Куманово – паркинг не е српската Метропаркинг ДОО Белград, туку нејзината ќерка фирма Метропаркингплус ДОО Скопје чиј еден од сопствениците е токму потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Видливо е се. Белградска фирма добива тендер, за да се скрие трагата, и  го преотстапува на скопска чиј сопственик и основач е потпретседател на СДСМ и близок соработник на највисоките функционери на таа партија. Дополнително, овие две фирми се и капитално поврзани.

Сегашниот потпретседател на СДСМ си добил работа во општина која е раководена од градоначалник на СДСМ.“ - изјави денеска Илија Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски додаде дека подоцна, Манчевски исчезнува од листата сопственици и основачи на фирмата.

„Она што ние го знаеме е дека реален извршител на тендерот, фирма која ги има превземено сите права и обврски според договорот и комуникацијата со општинското јавно претпријатие Куманово – паркинг не е српската Метропаркинг ДОО Белград, туку нејзината ќерка фирма Метропаркингплус ДОО Скопје чиј еден од сопствениците е токму потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

 

          Видливо е се. Белградска фирма добива тендер, за да се скрие трагата, и  го преотстапува на скопска чиј сопственик и основач е потпретседател на СДСМ и близок соработник на највисоките функционери на таа партија. Дополнително, овие две фирми се и капитално поврзани.

Сегашниот потпретседател на СДСМ си добил работа во општина која е раководена од градоначалник на СДСМ.

Денес, кога граѓаните на Куманово плаќаат високи сметки и казни за паркирањето во нивниот град треба да знаат дека парите завршуваат на сметка на фирма каде сопственик бил партиски колега на нивниот градоначалник Зоран Дамјановски, но и потпретседател на СДСМ Дамјан Манчевски.

Ако мислевте дека во СДСМ функциите се добиваат случајно и ако мислевте дека Дамјан Манчевски од небо станал потрпетседател на таа партија, денес треба да знаете дека не е така. Во СДСМ само вака се напредува.

И ова раководство на СДСМ сепак потекнува од старата школа на СДСМ.

 

Највисокиот врв на СДСМ повторно е замешан во крупен тендерски скандал.“ - изјави Димовски

10.02.2014 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа