Ужасно: Убиле жирафа во зоолошка за да ги нахранат лавовите

Нов грозоморен настан ја згрози светската јавност. Во Зоолошката градина во Копенхаген, надлежните одлучиле да ја убијат жирафата за да ги нахранат лавовите. 

Здравата машка жирафа стара 18 месеци, била убиена во главата, а со нејзиното месо биле нахранети лавовите, мечките и останатите животни од зоолошката.

Ваквиот чин бил спротивен на европските регулативи, па убиството на Мариус наиде на остри реакции и критики кај луѓето, но и кај Зоолошките градини во Шведска и Британија

10.02.2014 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега