Јанакиески побара целосна либерализација на превозот на стоки во регионот

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска учествуваше на средбата на министрите за транспорт на државите во југоисточна Европа, во Тирана.

Во своето излагање, министерот повика на целосна либерализација на превозот на стоки, што ќе придонесе кон зајакнување на економската соработка меѓу земјите во регионот и ќе донесе голем број на бенефити, за што побара и поддршка од претставниците на Европската Комисија.

 Јанакиески ги презентираше главните инфраструктурни проекти и активности кои се реализираат во Република Македонија, меѓу кои и изградбата на двата нови автопати Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, чиј почеток се очекува овој месец и изградбата на првата делница од пругата кон Бугарија, дел од Коридорот 8, што се очекува да започне во текот на следниот месец. Исто така, министерот Јанакиески ги информираше своите колеги за тековниот јавен повик за изнаоѓање на компанија со цел реализација на проектот за гасификација на скопскиот регион.

 

 

10.02.2014 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега