Алфите апсат по 10 лица дневно

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција - Алфа легитимирале 981 лица, извршиле преглед на 129 возила и привеле 280 лица.

По основ на телеграма приведени се 15 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 25 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 45 лица, по извршено кривично дело – 48, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени петмина, за издржување на казна затвор – 11 лица, за утврдување на идентитет – 10 лица, за недозволени предмети приведено е едно лице, како и 10 странски државјани со нерегулиран престој во РМ;

Биле приведени 11 лица за учество во тепачка, три за физички напад, 11 лица кои го нарушиле јавниот ред и мир, 5 кои кај себе имале пиротехнички средства и едно лице кое нападнало полициски службеник. 

За користење на оружје биле приведени 4 лица, и тоа две кај кои биле пронајдени гасни пиштоли и две лица кај кои биле пронајдени пиштоли. Биле приведени и 37 лица кои биле фатени со дрога. 

Алфите во текот на минатиот месец привеле и 13 лица барани по телеграма, 11 кои направиле сообраќаен прекршок и две лица кои направиле царински прекршок. 

При претрес на на домови и други простории биле пронајдени пиштоли и пушки, при што се приведени 13 лица.

10.02.2014 - 12:14
Фото: 
дејли.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега