Цеца и ја уништи кариерата на Дорис

Најголемата  балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ уште во 2000 година и ја уништи кариерата на хрватската пејачка, пишува српски "Курир" на насловната страница.

Во тоа време Дорис прво ја изгубила титулата кралица на Торцида, бидејќи ја замразиле навивачите на сплитски Хајдук, кои до тогаш ја кревале до небо, а тогаш решила повторно да се пробие на естрадата и направила катастрофална грешка.

Имено, насловната нумера од повратничкиот албум "Лице" која ја потпишаа Тончи и Вјекослава Хуљиќ всушност била плагијат на песната  "Другарице" која Цеца ја отпеа со групата Луна.

Тогаш се актуелизирани и приказните дека своевремено Дорис му била љубовница на Аркан. За Хрватите тоа било премногу.

10.02.2014 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега