ВИДЕО: Возеше во спротивна насока на автопат - загинаа шест лица
Жена од Калифорнија приреди вистински хорор откако возејќи во алкохолизирана состојба во погрешна насока на автопат усмрти шест лица. Несреќата со мобилен телефон ја снимал една патничка, која со неверување гледала во она што се случува пред неа.
Се работи за оливија Кабарет која возела во спротивна насока, па поради силината со која удрила во другите автомобили, три лица излетале од патот.
За жал, четири студенти починале на местото на настанот, а уште две лица им подлегнале на повредите во болница.
10.02.2014 - 11:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа