"Јеб*** не сакав да ја убијам" - повторно судење за убиството на манекенката Червенко

По казната која ја заработи за убиството на својата девојка, манекенката Петра Червенко, Даријан Мисиќ, повторно оди на судење, по жалбите од страна на неговиот адвокат.

Апелација ја укина казната за 26-годишниот Даријан кој минатата година поради љубомора, брутално ја уби манекенката Червенко. До новата пресуда која наскоро треба да му биде изречена, Мишиќ ќе биде во притвор.

За потсетување, за време на судскиот процес, Даријан повторуваше дека не сакал да ја убие својата девојка. 

- Сочуство до семејството, јеб*** не сакав да ја убијам, не ми беше тоа намерата, изјавуваше тој.

Убиството се случи минатата година кога тој ја претепа манекенката. Девојката беше брутално мачена до смрт и на нејзиното тело беа пронајдени изгореници, најверојатно од гасење цигари.

 

 

10.02.2014 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега