Канческа-Милевска во еднодневна посета на Велс

Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, денеска престојува во работна посета на Кардиф, Велс.

За време на еднодневната посета, македонската министерка ќе се сретне со велшкиот министер за култура и спорт Џон Грифитс, а со него ќе разговара за продлабочување на соработката во областа на културата, а ќе бидат разменети мислења, искуства и знаења за културните политики во двете држави и нивното спроведување, како и можностите за континуирано унапредување на соработката во сите сфери од културата.

Предвидено е министерката Канческа Милевска да ги посети Националниот музеј на Велс, организацијата „Велс Арт интернационал“ и Велшкиот кралскиот колеџ за музика и драма, а ќе има и средби на кои ќе биде разгледана можноста за соработка и мобилност на уметниците од двете држави.

10.02.2014 - 11:38
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега