Министерот Попоски на министерски состанок на ЕУ во Брисел

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе учествува на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и на државите - кандидати за членство: Македонија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.

На состанокот кој се одржува во Брисел, шефот на македонската дипломатија учествува на покана од високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, а главна тема на дискусија ќе биде Јужното и Иточното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со Втората женевска конференција за Сирија, уставниот процес во Египет, Самитот на ЕУ за источното партнерство (ноември 2013), Царинската унија која ја промовира Руската Федерација, како и ситуацијата во Украина.

Како што стои во соопштението на МНР, ќе се разговара и за заклучоците од состанокот на Европскиот совет за заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, одржан во декември 2014 година, во насока на идентификување на идните активности кои имаат за цел подобрување на ефикасноста на воените и цивилните мисии на Европската унија.

10.02.2014 - 11:15
Фото: 
глас.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа