Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, по скратена постапка и на Законот за техничка инспекција, во второ читање, додека Законодавно-правната комисија ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, по скратена постапка. 

10.02.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега