ФОТО: Најстариот работник во Мекдоналдс има 100 години

Верувале или не, Морис Милер го прослави својот 100-ти  роденден на работното место во Мекдоналдс. Морис првпат се вработил во Мекдоналдс на 75 години. Кога се сеќава на своите почетоци во ресторанот вели дека работел се што од него се барало. 

Кога наполнил 90 години престанал да работи на каса, па менаџерот на ресторанот решил да ги искористи другите негови квалитети.

Во чест на  неговиот 100-ти роденден била организирана и специјална прослава со голем број на луѓе кои дошле да му честитаат. Како бонус од работодавачот тој добил и 500 долари.

Стогодишниот старец изјави дела нема причина да не продолжи да работи во овој ресторан за брза храна.

- Ќе продолжам да доаѓам се додека можам да се движам, вели Милер.

10.02.2014 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега