Температурите до 17 степени и многу сонце - еве какво време не очекува оваа недела

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30км/ч. Утринските температури ќе се движат од -2°C до 5°C, а дневните температури ќе се движат од 9°C до 16°C, пишува спцијализираниот портал за временска прогноза, Weather4all

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на слава магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Утринската температура од 2°C, а дневната температура ќе достигне до 13°C.

Во вторник во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер со брзина до 30км/ч, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер со брзина и до 35км/ч. Утринските температури од 0°C до 6°C, а дневните температури ќе се движат од 10°C до 17°C.

Во среда во Македонија ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Врнежи од снег ќе има на планините над 1500 метри надморска висина. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25км/ч. Утринските температури од 3°C до 8°C, а дневните температури ќе достигнат до 7°C односно до 14°C.

Во четврток во раните утрински и во претпладневните часови врнежите ќе престануваат, а во попладневните часови намалување на облачноста. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 30км/ч. Утринските температури ќе се движат од 3°C до 8°C, а максималните дневни температури од 8°C до 15°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во петок во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 35км/ч. Утринските температури од -3°C до 3°C, а дневните температури ќе се движат од 9°C до 17°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во Македонија во сабота во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дувба умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 40км/ч. Утринските температури од -2°C до 4°C, а дневните температури ќе достигнат до 10°C односно до 18°C.

Претежно сончево, топло и ветровито ќе биде и во недела. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 0°C до 6°C, а дневните температури од 10°C до 18°C. 

10.02.2014 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега