Ја претепал сопругата со чекан, си го пресекол пенисот па пробал да ја запали куќата

 

Постар Босанец предизвикал вистински хорор откако си ја претепал сопругата, а потоа си го пресекол пенисот.

Како што јавува Дневник Аваз, 69-годишниот Мустафа Мравиќи во петокот во близина на Добој, се скарал со сопругата, а кавгата кулминирала кога започнал да ја удира сопругата со чекан по целото тело, а потоа си ги пресекол вените и пенисот.

Босанецот се обидел и да ја запали куќата, но сопругата почнала да вика за некој да и помогне, а за среќа ја слушнала нејзината снаа која била во соседната куќа. Жената е оперирана и задржана во болница, а мажот кој е исто така опериран е префрлен на психијатрија.

Кавгата настанала заради нерешени имотни односи.

10.02.2014 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа