ФОТО: Крадците однеле буквално се - не сте виделе ваква кражба

Буквално се му оденеле од локалот во центарот на Белград. Бранислава Петровиќ че мора да почека на отворањето на својот локал бидејќи ночта помеѓу сабота и недела, се уште непознати крадци, ја исекле конструкцијата и од од дуќанот однеле се што можело да се однесе. Останале само 3 ѕида.
Локалот требало во вторник да почне со работа како продавница за брза храна. Од него се однесени, фритезите, фрижидерите, сакарата заедно со оџакот за вентилација, лавабото, апарат за хот-дог, плотна за палачинки, тендата, па дури и 6 вреќи со ќумур.

Штетата се проценува на околу 20.000 евра

10.02.2014 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа