ФОТО: Објавил оглас дека си ја продава девојката - останал шокиран од понудите

Шон Колус на својата долгогодишна девојка и приредил вистинско изненадување кои и двајцата ќе го паметат до крајот на животот.

Американецот на еден сајт на шега објавил оглас дека си ја продава саканата Деби Моран, и ставил фотографија од неа. И девојката и момчето останале шокирани кога виделе какви понуди пристигнале како одговор на нивниот оглас.

Најголемата понуда за неа била 1.181 долари, а вкупно 50 лица сакале да ја купат иако на фотографијата таа лежи мрзеливо на кревет, а околу неа е вистински хаос.

- Никогаш не би ја продал, тоа беше шега. Си ја сакам девојката, вели Шон.

Девојката најпрво била бесназа огласот, но потоа сфатила дека се работи за шала.

 

10.02.2014 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега