Разочарани фановите на 4U: Направена е група на Фејсбук за да се вратат девојките во Икс Фактор

Минатиот вторник во Икс Фактор беше многу напнато, но се приметува дека такво расположение се шири и на социјлните мрежи каде и понатаму се дебатира кој да помине а кој да остане во шоуто.

 Да ве потсетиме, минатиот вторник го напуштија шоуто девојките од групата 4U кои се најдоа во дул со Харис Чато.

Кристина по емисијата  кажала јасно дека девојките требале да останат бидејќи заслужиле да останат да се натпреваруваат, а ако судиме по коментарите кои кружат по социјалните мрежи многумина мислат исто.

На социјалната мрежа Фејсбук се појави група „ Да ги вартиме 4U во Икс Фактор“ која брои неколку илјади истомиселници.

И пејачката Марија Шерифовиќ на својот профил на Твитер пишала дека Групата 4U треба да остане во шоуто. 

10.02.2014 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега