Фолкерката Анета бара „батка со мускули“

Анета Наковска во моментов е фокусирана на подготвување на новото видео за песната "Џејмс Бонд" кое треба да излезе наскоро. Фолкерката која пред извесен период, најави дека од сега па натаму сексапилот ќе биде нејзин заштитен знак, маки мачи за да го пронајде идеалниот Бонд кој ќе се појави во спотот, пишува Вечер

"Сашо Ристовски ќе го режира спотот, а со оглед на тоа што критериумите за ликот кој ќе го глуми Бонд се големи, решивме да направиме кастинг. Нормално, тој што ќе се појави во спотот, мора да биде маркантен, посебен и, пред се, батка со мускули", вели Наковска и додаде дека новата Анета која ќе се појави во спотот ќе зрачи со сексапил и провокација.

Синглот, всушност претставува најава и за новиот албум на фолкерката, кој ќе биде поразличен од се што досега сме имале можност да го чуеме од неа.

"Спремам и нов албум, којшто ќе ме претстави мене во едно малку поинакво светло. Песните ќе бидат во модерен фолк-поп стил, и ќе наликуваат на новите хитови на Лепа Брена. Тоа е тој кафеански модерен стил што мене ми се допаѓа и кој што решив да го практикувам", вели фолкерката.

10.02.2014 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега