Американка со молба до Путин: Те молам дозволи ми да го посвојам братчето на мојот син!

Американката Рене Томас  преку една руска телевизија му се обратила на Путин да напарви исклучок од забраната која важи во оваа земја, Американците да не посвојуваат деца од Русија која вила воведена пред една година.

Рене Томас и нејзиниот сопруг во 2008. година посвоиле едно момче од Русија и одбиваат да се откажат од долгогодишните напори да го посвојат и неговиот брат, кој се наоѓа во руски дом за деца без родители.

"Кога го посвоивме Џек, бараа од нас да внимаваме на неговите интереси на најдобар можен начин", рекла расплаканата Томас преку руската независна телевизија Дожд.

Таа изјавила дека интересот на Џек се однесува на соединување со неговиот помал брат Николај. 

10.02.2014 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега