Сопругата на Шумахер не се дели од него

Лекарите во болницата каде веќе повеќе од еден месец е во вештачка кома легендарниот седумкратен шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, велат дека неговата сопруга Корина не се дели од него и секој ден му зборува со надеж дека тој ќе ги отвори очите.

Како што пренесуваат германските медиуми, прашање е дали Шумахер може да слуште што таа му зборува бидејќи иако пред две недели започна процесот на будење, сепак засега Шумахер само еднаш накратко ги отвори очите, и освен неколку рефлексни движење, сеуште не реагира.

- Сигурно е само едно, познава гласови. Гласот на близок член од семејството има смирувачки и позитивен ефект на пациентите, велат лекарите за пациентите кои се во кома.

Инаку, Корина се наоѓа до Шумахер од моментот на несреќата на француските Алпи, а ја пронајде и му ја однесе и среќната амајлија која два пати му го спасила животот.

10.02.2014 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа