Икс-Фактор останува без главниот член на жирито

Сајмон Кауел на социјалните мрежи викендов потврди дека го напушта музичкото шоу Икс-Фактор.

 Сајмон Кауел одлучи да го напушти американското издание на шоуто во чија жири комисија седеше во изминатите три години, бидејќи ќе седне на столчето за судии на британскиот Икс-Фактор.

- Пресреќен сум што рабоптам на вакво шоу бидејќи имам прилика да откривам фантастични таленти. Признавам дека во Америка имав многу убаво и пријателско добредојде такашто им се заблагодарувам на сите оние кои ги гледаа и бодреа сите мои емисии. Америко, се гледаме наскоро, изјави Сајмон за US Weekly.

 

10.02.2014 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа