Иванов ќе биде прогласен за почесен професор на „Ломоносов“
Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, денеска во рамки на посета на Руската Федерација ќе го посети московскиот државен универзитет „Ломоносов“.
За време на посетата на претседателот ќе му биде доделена титулата „Почесен професор на Универзитетот Ломоносов“,. Исто така, претседателот Иванов ќе ги одликува со орден и медал за заслуги Евгениј Суханов, доктор по правни науки, професор, заслужен научник на Руската Федерација, шеф на катедрата за граѓанско право во „Ломоносов“ и Елена Верижникова, доцент на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет.
10.02.2014 - 09:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа