Груевски: Решивме дологодишен проблем на професионалните војници
Со законот за професионалните војници е решен долгогодишен горлив проблем, истакна денеска македонскиот премиер Никола Груевски.
-Со овој закон решивме еден долгогодишен горлив проблем кој го наследивме од поранешната влада и од 2006 година немавме никакво решение за војниците кои што ќе навршат 35 години.Подоцна привремено на некој начин го решивме проблемот зголемувајќи го на 38, па на 45 години и сега конечно трајно го решивме со тоа што после 45 година се обезбедува вработување во државните институции за сите, истакна премерот Никола Груевски
Премиерот информираше дека извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука да и препорача на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во законот да бидат внесени и оние лица кои биле проефесионални војници и во меѓувреме им истекол договорот и кои до 31. декемви 2013 година немаат остварено вработување.
Според неформалните информации, со овој закон, во наредните 9 месеци ќе бидат згрижени околу 110 лица, односно ќе им биде понудено работно место во една од државните институции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа