Нови протести во БиХ- хрватскиот премиер во посета на Мостар

На главниот плоштад во Бихаќ околу петстотини граѓани се собраа денеска барајќи оставка од кантоналниот премиер Хамдија Липовача.

Локални медиуми јавуваат дека демонстрантите се закануваат со блокирање сообраќајници. Се уште не е познато каде се наоѓа премиерот на Унско-санскиот кантон откако тој демантираше, а медиумите потврдија подоцна дека тој заедно со семејството побегнал во Хрватска.

 Медиумите тврдат дека побегнал во Хрватска со хрватски пасош.

Во Мостар пак, денеска допатува хрватскиот премиер Зоран Милановиќ каде се сретна со претседавачот со Советот на министри на БиХ Вјекослав Беванда.

И во Мостар во петокот имаше масовни немири каде беа запалени седишта на политички партии и згради на локалната власт. Милановиќ, како што јави БХТ телевизијата, ќе биде во обиколка на оштетените институции со претставници на локална власт, а потоа ќе одржи прес конференција.

09.02.2014 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега